Премиера: Audi RS7 – Заокружување на А7 гамата! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Audi RS7 – Заокружување на А7 гамата!

По неодамнешното претставување на RS6 Avant, Audi го претстави RS7 Sportback на автомобилскиот саем во Детроит.

Под поклопецот на RS7 Sportback се наоѓа истиот 4-литарски V8 TFSI агрегат со 560 коњски сили и 700 Nm максимален вртежен момент. Погонската единица е усогласена со осум-степена автоматска транмисија која ја испраќа силата кон постојаниот Quattro погон на сите тркала.

Спринтот од 0-100 км/ч трае само 3.9 секунди пред да ја достигне електронски ограничената максимална брзина од 250 км/ч, односно 280 км/ч со пакетот Dynamic. Доколку ова не е доволно, Dynamic Plus пакетот го поместува граничникот на импресивни и нетипични за Германците, 305 км/ч.

Иако оние кои можат да си го дозволат RS7 не ги интересира неговата потрошувачка, мора да се напомене дека Audi тврди неверојатно ниска потрошувачка на гориво од само 9.8-литри на 100 километри. Ова е постигнато благодарение на системот за деактивација на цилиндрите, кој при помали брзини деактивира половина од цилиндрите се додека возачот не притисне посилно на педалата за гас.

Визуелно, екстериерот на RS7 е украсен со нова предна решетка со структура како саќе и преден браник идентичен на оној на RS6, пошироки странични прагови и две големи издувни цевки.

Купувачите имаат опција да доплатат за прилагодлива воздушна суспензија, која го приближува автомобилот за 20 mm до подлогата или за спортска суспензија со динамична контрола на возењето. Стандардно Audi RS7 Sportback е опремен со 20-инчни тркала со седум двојни краци, но може опционално да биде опремен со 21-инчни тркала достапни со три различни дизајни.

Ентериерот располага со кожен спортски волан со три краци и зарамнето дно, детали од карбон, спортски седишта и подобрена графика на контролната табла.

Поврзано:  Пристигна новиот Audi A5!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.