HCD-14 Genesis Concept – новата дизајнерска насока на Hyundai – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

HCD-14 Genesis Concept – новата дизајнерска насока на Hyundai

Hyundai официјално го претстави уникатниот Hd-14 Genesis Concept на автомобилскиот саем во Детроит.

На овогодишниот саем во Детроит, Hyundai дебитира со HCD-14 Genesis Concept, кој ја прикажува дизајнерската насока по која ќе се движат наредните премиум модели на брендот. Тој располага со екстра цврста шасија, заедно со систем на управување со повеќе режими кои би требало да го подобрат возачкото искуство.

Премиум спортскиот седан е со чист дизајн, со исклучок на предниот дел кој нам ни изгледа непропорционален, додека пак ентериерот изгледа прекрасно. Како што може да се види на фотогафиите, задните врати на HCD-14 се отвараат наназад со што овозможуваат далеку полесен пристап на задната клупа.

Концептот го погонува 5.0-литарски V8 агрегат со директно вбризгување усогласен со осум-степен автоматски менувач и е опремен со безбедносни системи за распознавање на гестикулации и за пратење на очите на возачот, кои ќе му помогнат на возачот да ги задржи рацете на воланот и очите на патот.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.