Како секој втор понеделник, така и денес, Регулаторната Комисија за Енергетика повторно ги објави новите цени на горивата.
Во согласност со нивната методологија за пресметка на малопродажните цени на горивата, од вечерва на полноќ цените на горивата се зголемуваат за 2.31 проценти. Тоа значи дека ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава по цена од 82 денари, односно 2 денари повеќе од порано, а ЕУРОСУПЕР-98 по цена од 83.50 денари, односно 1.50 денари повеќе од порано. И цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува, и ќе се продава по цена од 72 денари за литар, односно 1 денар повеќе од порано.
Како што напоменавме, овие цени стапуваат на сила вечерва на полноќ, а ќе важат следните две седмици.
Извор: Регулаторна Комисија за Енергетика