Nissan GT-R by HRE & Jotech Motorsports – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Nissan GT-R by HRE & Jotech Motorsports

HRE Wheels и Jotech Motorsports претставија прекрасно среден Nissan GT-R, кој претставува плод на нивната соработка.

HRE Wheels создаде прекрасен сет од троделни HRE S101 фелни, додека Jotech Motorsports го инсталираа нивниот Stage 3 тјунинг пакет кој значајно ја зголемува испораката на силата на Јапонскиот суперавтомобил од нејзините стандардни 525 кс.

Пакетот содржи HKS GT800 твин-турбо систем, Greddy титаниумски издувен систем со издувни цевки од не’рѓосувачки челик, HKS двојни пумпи за гориво, HKS иридиумски свеќици, специјално Dyno подесување и нови LED предни светлосни групи. Резултат на овие модификации се финалните 698 кс кои се испорачуваат кон сите тркала.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.