Peugeot официјално го претстави новиот 2008 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot официјално го претстави новиот 2008

Класата на кросовери од Б-сегментот само што доби уште еден натпреварувач во форма на Peugeot 2008.

2008 ќе се натпреварува против возила како Nissan Juke, Opel Mokka, Chevrolet Trax и Mini Countryman, а неговата цел е да го осигура водството на Peugeot во сегментот и да освои нови купувачи во Азија и Јужна Америка. Неговото интернационално деби ќе се случи на саемот во Женева во Март. Со должина од 4.160 mm, урбаниот кросовер е 25 mm подолг од Juke, 200 mm подолг од 208 и 20 mm подолг од концептот кој беше претставен на автомобилскиот саем во Париз.

Што се однесува до дизајнот, моделот располага со лебдечката решетка која стана заштитно лице на Peugeot, ново дизајнирани предни светла, црни браници и странични прагови со сребрени детали, панорамски покрив и 17-инчни “Diamond” тркала во мат боја, додека заоблениот кров е инспириран од “double-bubble” кровот на купето RCZ.

Урбаниот кросовер ќе биде во понуда само со погон на предните тркала, но ќе биде понуден паметен систем за тракција, сличен на оној кој се користи кај 3008, за некоја минимална способност за off-road. Палетата на мотори ќе биде во голем дел преземена од 208. Тука ќе бидат вклучени нова верзија од 1.2-литарскиот три-цилиндарски турбо бензински агрегат, покрај 1.4 и 1.6 e-HDI дизелите.

2008 е првиот модел на Peugeot дизајниран и развиван низ повеќе глобални маркети, а ќе се произведува глобално – во Франција, Кина и Бразил.

 



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.