Audi SQ5 сега достапен и со бензински мотор со 350 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi SQ5 сега достапен и со бензински мотор со 350 коњски сили!

Веќе го знаеме Audi SQ5 TDI, моделот кој доаѓа со 3-литарски BiTDI мотор кој испорачува 308 коњски сили, а денес Ви го презентираме SQ5 со бензински агрегат кој нуди 350 коњски сили!

За разлика од својот брат со дизелско срце кој има два турбополначи, ако сакате вашиот SQ5 да има бензински мотор, тогаш тој ќе дојде опремен со компресор кој има два ротори кои се вртат повеќе од 20.000 пати во минута. Овој 3-литарски TSI агрегат испорачува 349 коњски сили помеѓу 6000 и 6500 вртежи во минута и 470 Nm вртежен момент помеѓу 4000 и 5000 вртежи во минута.

Според Audi, SQ5 забрзува до 100 километри на час за 5.3 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час. Просечната потрошувачка (во идеални услови, секако) ќе изнесува 8.5 литри на 100 изминати километри. Интересно, дизелската варијанта забрзува до 100 километри на час за 5.1 секунда, а просечната потрошувачка е 7.2 литри на 100 километри.

Цените сеуште не се познати, а според најавите, наскоро ќе бидат објавени.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.