Dakar 2013 – Резултати по два дена возење! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Dakar 2013 – Резултати по два дена возење!

Завршија два дена од овогодинешниот Дакар, а ние ви ги пренесуваме најважните детали од досегашното возење.

Иако најдобро време имаше Stephane Peterhansel во своето Mini, сепак победата ретроактивно му беше доделена на Carlos Sainz кој заради технички проблеми со маркерите на рутата која се возеше мораше одреден дел да го помине 3 пати пред да може да продолжи понатаму. Со оглед на тоа дека се работеше за грешка на самата опрема која го мери времето на возачите, на Carlos Sainz му беше измерено неговото вистинско време и му беше доделена победата на втората делница.

Carlos Sainz сеуште го има водството во генералниот пласман кај автомобилите.

Во категоријата на мотоцикли, Juan Barreda Bort постави одлично време, и заврши пред своите ривали Juan Pedrero Garcia и Matt Fish. Cyril Despres заглави во песок кога реши да побара скратен пат.

Кај камионџиите, минатогодинешниот шампион Gerard De Rooy победи на втората делница и е прв во генералниот пласман. На втората делница зад него се наоѓа Ales Loprais а на третото место е Miki Biaison.

Секако, не смееме да ги заборавиме и квадовите. Кај нив убедливо водство има Patronelli кој заврши 46 секунди пред Huseini

Во меѓувреме, погледнете ги ретроспективите од првиот и вториот ден на натпреварувањето. Во моментов се вози третиот ден од овогодинешниот Dakar, а ние ќе продолжиме да ве известуваме за случувањата.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.