Први официјални фотографии од новиот Peugeot 2008 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Први официјални фотографии од новиот Peugeot 2008

Се појавија првите официјални фотографии од целосно новиот кросовер на Францускиот бренд Peugeot, 2008.

Серискиот модел е многу сличен на неговиот концепт, претставен на саемот во Париз минатата година, што значи дека неговите надворешни димензии не се разликуваат многу од тие на студијата, која мереше 4,140 mm должина и 1,740 mm ширина.

Моментално не се објавени деталите за новиот Француски кросовер, но претпоставуваме дека ќе ги дели дизелските и бензински погонски единици со малиот 208, каде што врвот во понудата е 1.6-литарски четири-цилиндарски турбо бензински агрегат со 154 кс.

Официјалната светска премиера на новиот 2008 ќе се одржи на автомобилскиот саем во Женева во почетокот на Март, додека продажбата ќе започне подоцна оваа година.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.