Дакар релито започнува на 5ти Јануари 2013 во Јужна Америка. Стартува од Лима во Перу и се протега низ Перу, Аргентина и Чиле, а ќе заврши во Сантиаго, Чиле.
Во класата на автомобили, најлутиот конкурент за титулата на минатогодишниот шампион Mini, Volkswagen, реши да се откаже од учество на овогодинешниот Dakar и да се посвети на првата сезона во WRC. Сепак нема да недостасува конкуренција, бидејќи на релито ќе се приклучат два нови тимови, Excite Rally Raid Team со Range Rover Evoque Desert Warrior 3 и Renault со Duster.
Range Rover Evoque Desert Warrior 3 е погонуван од 3.0-литарски твин-турбо дизел агрегат од BMW кој произведува 350 кс и огромен максимален момент од 850 Nm. Модифицираниот Evoque тежи 1,900 kg и е опремен со 260-литарски резервар за гориво кој обезбедува максимален досег од 1,200 км. Возилото вози на 16-инчни фелни обвиени во BF Goodrich Desert Race G гуми, додека за суспензијата се задолжени Reiger прилагодливи амортизери.
Кросоверот Dacia Duster се продава во Јужно Америчките држави под значката на Renault. Два Аргентински тимови со драстично модифицирани Dacia Duster кросовери ќе земат учество во претстојното Dakar рели, кое опфаќа 8,000 километри екстремен терен кој не простува грешки.