Новата сезона започнува за неколку недели во Монте Карло, а ние ви ги пренесуваме причините зошто токму оваа сезона ветува многу!
1. Ќе биде крунисан нов шампион!
Sebastien Loeb ќе се натпреварува само на четири настани оваа година. Тоа значи дека за прв пат од 2003-тата година, оваа година ќе имаме нов шампион, кој ќе треба да пополни сериозна празнина. Им посакуваме среќа на сите возачи!
2. Големата шанса на Ostberg!
Mads Ostberg покажа одлични резултати во 2011 и 2011 како возач за приватен тим. Тој сега ќе има вистинска шанса за титулата, како возач за Qatar M-Sport World Rally и нивната Ford Fiesta!
3. Надеж за Haninen.
Haninen има многу шанси да освои сериозни победи оваа сезона, почнувајќи од настаните во Монте Карло и Шведска.
4. Иднината е тука!
Многумина сметаат дека со излегувањето на Loeb од WRC, младите возачи имаат повеќе можност да се истакнат. Сепак, вистината е дека младите возачи секогаш имале одлични шанси во WRC, а токму Esapekka Lappi е пример за тоа. Младиот возач имаше одлични резултати во 2012, а неговата награда за тоа е можноста да вози Skoda Motorsport во WRC 2.
5. Здраво Volkswagen!
Volkswagen влегува на голема врата во Светскиот Рели Шампионат. Зад воланот на нивното Polo R WRC ќе се најдат одличните Jari-Matti Latvalla, Andreas Mikkelsen и Sebastien Ogier. Возилото е сеуште недокажано, но воопшто не се сомневаме во посветеноста на Volkswagen.
6. M-Sport вложува во младоста.
Покрај Mads Ostberg, M-Sport ќе им пружи можност на Thierry Neuville и Evgeny Novikov на сите 13 настани во 2013. Сите го имаат потенцијалот, а ќе ги надгледува искусниот победник од Dakar, Nasser Al-Attiyah, кој и самиот ќе настапи на неколку релија оваа година.
7. Австралија се враќа на календарот.
По едногодишна пауза, организаторите повторно ќе имаат можност да го организираат едно од најинтересните релија, токму она во Австралија!
8. Обновена стимулацијата во Citroen
Иако веќе не можат да се потпрат на незапирливиот Loeb, луѓето од тимот на Citroen вложуваат многу надеж во Mikko Hirvonnen и Dani Sordo. Khalid Al-Qassimi исто така ќе вози за Citroen, а со него доаѓа и примарниот спонзор – Abu Dhabi.
9. Нови класи и категории!
Помошните категории во WRC оваа година ќе бидат сериозно преработени. WRC 2 ќе го замени SWRC, a PWRC ќе биде заменет со WRC 3. WRC Academy ќе го носи името Junior WRC, a ќе има и таканаречени one-make натпревари каде ќе се возат Citroen DS3 R3, Mitsubishi Lancer и Subaru Impreza.
10. Доаѓа Evans!
Откако победи на минатогодинешната WRC Academy, младиот Elfyn Evans ќе има шанса да ги прикаже своите способности зад воланот на M-Sport Ford Fiesta. Ова е награда за неговиот успех, а младиот Британец е подготвен да ги оправда очекувањата.
Извор: WRC.com
На крајот, погледнете едно одлично ретроспективно видео од минатата сезона, и бидете подготвени за новата, навистина ветува многу!