Нови концепти на Subaru во Tokyo – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Нови концепти на Subaru во Tokyo

Subaru ги објави своите идни модели, кои најверојатно најпрвин ќе бидат претставени на саемот во Токио. Меѓу нив е концепт на најпопуларниот модел за оваа година – Subaru BRZ!

Subaru ја објави листата на идните модели кои ќе ги претстави на стартото на новата година. Меѓу нив, секако најатрактивен е концептот на Subaru BRZ – Premium Sport Package кој ќе има кров од јаглеродни влакна, нови 19 инчни BBS фелни, како и STI боди кит. Исто така Premium Sport пакетот ќе добие и променета внатрешност.

Освен BRZ Premium Sport, на саемот во Токоио ќе го видиме и новиот Forester, но во малку поинакво издание – се работи за Sport Concept на Foreseter кој доаѓа со STI бодикит. STI пакетот за Forester нуди нови спојлери – преден и заден, нова предна маска, спортска суспензија како и 20 инчни BBS фелни.

Меѓу остантаите, на саемот во Токио Subaru е го претстави и XV crossover Sport Concept, Legacy STI верзијата која е наменета само за пазарот во Јапонија. Освен тоа, од Subaru се очекува во Токио да ја претстави новата генерација на познатиот D-4S боксер мотор.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.