Оние кои се фанови на зимските спортови, сигурно би ги интересирал Volkswagen Snowareg, кој одлично се справува со зимските услови!
Оваа екстремна верзија на Volkswagen Touareg е направена за потребите на Шведското претставништво на Volkswagen, односно Volkswagen Sweden. Под поклопецот на моторот се крие 4.2-литарскиот TDI агрегат кој нуди 340 коњски сили и 800 Nm вртежен момент. Стандардниот Touareg со овој мотор забрзува до 100 километри на час за 5.8 секунди, а за Snowareg немаме информации околу перформансите.
Според официјалните изјави, Touareg опремен со гасеници е одлично возило за сите терени. Вака опремениот Snowareg сигурно би бил одличен придружник на Дедо Мраз.