Француските автомобили имаат одреден стил кој не го разбира секој. Сепак, во последниве години овој аспект беше најочигледен кај нивниот најголем модел – Citroen C6.
Големиот Citroen излезе на пазарот во 2005, кога освои многу срца на Европските купувачи кои бараа голема лимузина. Сепак, покрај тоа што многу го ценеа нејзиниот дизајн, технологија и комфор, многу малку се одлучија да го купат. На пример, во 2005 се продадоа само 556 возила.
Сега, после седум години откако беше лансиран на пазарот, може да се каже дека сеуште изгледа подобро од неговите германски конкуренти, а исто така сеуште е покомфорен избор. Можеби квалитетот на неговиот ентериер не е на исто ниво, но неговите многубројни подобности ги надминуваат недостатоците.
C6 е последниот вистински Француски автомобил, и навистина е жално неговото укинување. Сепак, бидејќи е редок модел кој сеуште изгледа одлично, неговата појава ќе биде импресивна и кога ќе помине во ваша близина со сигурност ќе ви го одземе вниманието.
Се надеваме дека идната замена за C6 (најверојатно DS9) нема да биде само уште еден автомобил во низата, туку ќе биде исто како неговиот претходник, водечки автомобил – предвесник на идните модели од гамата на Citroen, за кој ќе сонуваат сопствениците на C3, C4, и C5.