Ова е новиот Gumpert Tornante? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ова е новиот Gumpert Tornante?

Gumpert се попознати по своите Apollo суперавтомобили, но тие подготвуваат нешто ново – а ние можеме да претпоставиме што, благодарение на патентните слики кои од новиот модел.

Заедно со Италијанската куќа Carrozzeria Touring Superlegerra, Gumpert подготвува нов супер-автомобил. Според најавите, ќе биде придвижуван од 4.2-литарски битурбо V8 од Audi кој ќе нуди околу 700 коњски сили. Германската компанија Gumpert неодамна банкротираше, но сега е со нов сопственик и со нови сили.

Сега за сега, не знаеме дали воопшто овој автомобил ќе оди во сериско производство, но нам ни изгледа интересно и се надеваме дека наскоро ќе знаеме повеќе.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.