Со намалувањето на продажбата на нови возила во Еврозоната, автомобилските производители пробуваат да надоместат за загубите од други места.
Кина можеби е најголемиот пазар во светот, но после неколку години на брза експанзија, покажува знаци на слабеење. Од друга страна пак, продажбата во Русија се зголеми за 40 проценти или за повеќе од 2.6 милиони возила минатата година. Иако процентот се очекува да се намали, тоа е сеуште многу интересен предел.
Renault-Nissan групацијата објави дека формирале договор за заедничко вложување со Russian Technologies и потпишале договор со кој стануваат сопственици на AvtoVAZ, кои ја поседуваат Lada, најпродаваниот бренд во државата. Главниот извршен директор Карлос Гносн планира да го оживее брендот Lada со технологија и стручност овозможени од Renault-Nissan. До 2015 се планира производство на 1.4 милиони возила на Lada, Renault и Nissan во Русија.
Според рокот на договорот, кој ќе биде завршен во средината на 2014, Renault-Nissan ќе инвестира 743 милиони долари, со кои ќе добие контрола врз 67.13% од акциите , додека Russian Technologies ќе поседува само 7.37% од AvtoVAZ.