Технички детали за новиот Maserati Quattroporte – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Технички детали за новиот Maserati Quattroporte

Maserati ги објави сите технички детали за новиот Quattroporte, вклучувајќи спецификации за некои од верзиите.

Quattroporte ќе се нуди во избор со 3.0-литарски V6 и 3.8-литарски V8 агрегати. Послабиот мотор ќе се продава со заден и со погон на сите тркала, додека појакиот доаѓа само со заден погон. Двата агрегати се усогласени со осум-степена автоматска трансмисија која тежи четири килограми помалку од досегашниот шест-степен менувач.

Шест-цилиндарскиот твин-турбо мотор произведува 410 кс и има максимален вртежен момент од 550 Nm. Со погон на задните тркала забрзува од 0-100 км/ч за 4.9 секунди, додека со погонот на сите четири забрзувањето трае 0.2 секунди пократко, а има максимална брзина од 285 км/ч. Поголемиот осум-цилиндарски агрегат испорачува 530 кс и 710 Nm вртежен момент, кои му овозможуваат забрзување од 0-100 за 4.7 секунди пред да ја достигне максималната брзина од 307 км/ч.

Сите модели ќе бидат стандардно опремени со 20-инчни, но ќе бидат достапни и со 19 и 21-инчни фелни.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.