Чешкиот производител полека но сигурно ја открива новата, трета генерација на својата Octavia!
Првите неколку официјални фотографии ја покажуваат предната маска, дел од ентериерот, дел од задниот дел и неколку други ситници. Сега за сега, сеуште не можеме да шпекулираме за финалниот изглед, но според сликите, новата Octavia го задржува резервираниот и класичен дизајн на својот претходник, изграден од чисти и остри линии.
Новата Octavia е изградена врз MQB платформата, истата врз која се направени и Volkswagen Golf MK7, Audi A3 и новиот Seat Leon.