Aston Martin оди во Италијански раце! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Aston Martin оди во Италијански раце!

Британскиот Aston Martin тукушто продаде 38% од своите акции на италијанската инвестициска фирма Investindustrial за 150 милиони фунти!

Иако неодамна се шпекулираше дека Јапонскиот гигант Toyota е заинтересиран да го купи Британскиот луксузен бренд, сепак тоа не се случи, а нови сопственици на 37.5% се Investindustrial. Investindustrial е компанијата која неодамна го продаде Ducati на Audi, а сега очигледно барале нова можност за инвестиција.

Aston Martin е во специфична позиција на пазарот. За разлика од другите производители на луксузни и супер-спортски автомобили (како на пример Lamborghini, Porsche, Ferrari и Maserati), зад Aston Martin не стои голем производител. Aston Martin беше под закрилата на Ford до 2007, но од тогаш функционира независно.

И луѓето од Aston Martin, но и оние од Investindustrial изразуваат задоволство за взаемното партнерство. Investindustrial е компанија која инвестира и препродава, па не би било чудно да го видиме Aston Martin со нови акционери за неколку години.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.