Bugatti Veyron Grand Sport Venet – Најбрзото уметничко дело во светот – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Bugatti Veyron Grand Sport Venet – Најбрзото уметничко дело во светот

Bugatti претстави уникатен Veyron, претворен во уметничко дело од страна на реномираниот Француски скулптор Бернар Бенет.

Уметникот и оддал почит на науката што стои позади Veyron со поставување на фолија со впишана математичка формула, која ја пресметува силата на моторот на автомобилот, на екстериерот и во ентериерот. Исто како повеќето модели на Bugatti Veyron, креацијата на Бернар Венет располага со двобојна каросерија, тркала и внатрешност.

Силата доаѓа од познатиот 8.0-литарски турбонатполнет  W16 агрегат со 1,001 кс, кој може да се пофали со максимална брзина од 405 км/ч. Со спуштен покрив, неговата максималната брзина е ограничена на 360 км/ч, додека со привремениот платнен покрив може да достигне само 130 км/ч.

Овој единствен Veyron Grand Sport ќе биде прикажан на Rubell Family Collection во Мајами во текот на Art Basel Miami Beach од 6ти до 9ти Декември.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.