Најновата генерација на Mitsubishi Outlander, која е веќе достапна на Македонскиот пазар, освои максимални 5 ѕвездички на тестот за безбедност – Euro NCAP!
Според експертите од Euro NCAP, Outlander ги заслужил 5-те ѕвездички заради одличните резултати при тестирање, и тоа:
- Заштита на возрасни патници: 94%
- Заштита на деца патници: 83%
- Заштита на пешаци: 64%
- Системи за безбедност во возилото: 100%
Секако, тука играат улога и одличните системи за безбедност, меѓу кои се вбројуваат и адаптивниот темпомат, односно Adaptive Cruise Control, системот за избегнување судари Forward Collision Mitigation, и системот за предупредување за напуштање на лентата на движење, односно Lane Departure Warning.
Честитки за Mitsubishi, а ние ќе се обидеме набргу да ви ги пренесеме нашите импресии од новиот Outlander!