AC Schnitzer ќе лансира тјунинг пакет за BMW M 135i на автомобилскиот саем за тјунинг во Есен, Германија.
Пакетот понуден од Германскиот тјунер ќе ја зголеми стандардната сила од 320 кс и 450 Nm вртежен момент на 3.0-литарскиот шест-цилиндарски агрегат на 360 кс. Тие исто така нудат дводелен преден спојлер, странични прагови, заден кровен спојлер, хромирани издувни цевки, нова 25 mm пониска суспензија и повеќе типови на фелни во големини од 18, 19 и 20 инчи.
За во внатрешноста, AC Schnitzer нуди повеќе опции. Тука спаѓаат новиот спортски волан, алиминиумски детали, патосници и неколку различни видови на рачки за менувачот.