Forte е компактен седан кој ќе се нуди во Америка, и кој најверојатно нема да стигне на Европскиот брег, но ние навистина би сакале да го видиме и кај нас!
Дури и KIA нагласува дека ова е компактен седан кој е „инспириран од Европските спортски седани“, па од таму и не гледаме причина зошто KIA Forte не би дошла и кај нас. Автомобилот носи 2-литарски GDI бензински агрегат со 173 коњски сили, а моќна ја пренесува преку предните тркала и шест-степен автоматски менувач.
Kia Forte веќе се продава во Кореа, но и во Австралија и во Бразил. Без сомнение, интересна би била споредбата со европските конкуренти во истата класа, а такви има многу.
Во меѓувреме, нам само ни останува да се надеваме дека Forte ќе пристигне и кај нас!