Jeep ја претстави Rubicon 10th Anniversary едицијата базирана на Wrangler на автомобилскиот саем во Лос Анџелес.
На одредено време во последните 10 години, Јееp понудува “Rubicon” верзија од нивниот Wrangler 4×4, наречена според еден од најпредизвикувачките off-road патеки во светот. Rubicon 10th Anniversary е направен за да се прослави 10 годишнината на Rubicon верзиите, а Американскиот бренд тврди дека овој јубилеен модел е најспособниот Wrangler произведен до сега.
Понудена со две или четири врати, оваа едиција е опремена со 3.6-литарски бензински Pentastar V6 агрегат со 285 кс и 352 Nm вртежен момент. Силата се испорачува кон сите тркала преку стандарден шест-степен мануелен или опционален пет-степен автоматски менувач.
Споредена со стандардната Rubicon, оваа специјална варијанта има за 0.5 инчи повисока суспензија и доаѓа со BF Goodrich KM2 гуми во профил 265/70R17 наместени на црни 17-инчни Rubicon алуминиумски фелни .
Стандардно доаѓа со Premium Sunrider мек кров и може да се порача со три-делен Freedom тврд кров во црна или во боја на каросеријата. Можат да се забележат и црн преден и заден челичен браник, поклопец на моторот со два отвори за воздух, а во внатрешноста добива црвени кожни седишта заедно со црвени шевови на воланот и централната конзола.
Заедно со претставувањето на овој јубилеен модел, Американскиот бренд објави и прекрасна фотогалерија во која ги прикажува способностите на овој теренец.