Дизајнерот Jeremy Scott дизајнираше, во најмала рака уникатна, верзија на електричниот Smart ForTwo која ќе оди во сериско производство од следната година.
Gorden Wagener, одговорниот за дизајн на Mercedes-Benz изјави дека соработката со Jeremy Scott оди чекор понатаму од секојдневните соработки кои автомобилските производители ги имаат со модните дизајнери, и воглавно резултираат со специфични комбинации на бои или материјали во внатрешноста.
Smart ForJeremy ќе се понуди во лимитирано сериско производство следната година, а најприметлив детал кој веднаш се забележува се големите крила кои го „красат“ задниот дел. Автомобилот е обоен во бисерна бела боја, но има и многу детали кои се хромирани, а најголемиот од нив е Tridion безбедносниот кафез. Истата комбинација на бела боја и хромирани детали е пренесена и во внатрешноста.
Под сета таа бела боја и хром се крие електричната верзија на Smart ForTwo која е придвижувана од електромотор кој нуди 74 коњски сили. Забрзувањето до 100 километри на час трае само 4.8 секунди, а максималната брзина е 125 километри на час.
Според нас, недоволно брзо за останете незабележани во ова „модно уметничко дело“.