Една поинаква мачка – Jaguar XFR-S! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Една поинаква мачка – Jaguar XFR-S!

Веќе долго време се зборува за Jaguar кој ќе се обиде да се натпреварува со BMW M5, и токму тоа го имаме денес пред нас – запознајте го Jaguar XFR-S!

Веднаш да позборуваме за најважното – под поклопецот на моторот се крие 5-литарски V8 мотор со компресор. Овој мотор испорачува 542 коњски сили и 680 Nm вртежен момент – бројки кои се навистина блиску до 550-те коњски сили и 670 Nm на BMW M5!

XFR-S забрзува до 100 километри на час за 4.6 секунди, и за разлика од BMW M5 кој е електронски ограничен на 250 километри на час, Британскиот претставник продолжува да забрзува се до 300 километри на час!

За дизајнот скоро и да нема потреба да зборуваме – Jaguar XF секогаш бил привлечен автомобил, но во оваа изведба сите детали се еден чекор понатаму. Агресивните браници, големиот заден спојлер, спортски поставената суспензија и другите ситни детали го издвојуваат XFR-S од конкуренцијата.

Секоја чест на дизајнерите и инженерите на Jaguar, ова е автомобил кој сериозно се впушта во битката со Германците!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.