BMW претстави нова верзија на i3 Concept за кој досега неколку пати пишувавме. Но, сега се работи за поспортска верзија на истиот која нуди три врати и 168 КС!
На саемот во Los Angeles, BMW ќе претстави еден поинаков концепт – i3 Concept Coupe, односно малку изменета верзија на i3 кој од наредната година влегува во сериско производство.
Овој „спортист“ меѓу електричните возила сега има големина колку една хечбек верзија на Fiesta. Промени во дизајнот има, но се минимални и тешко воочливи. Единствено лесно воочливо е понискиот заден дел на автомобилот, со кој i3 Concept Coupe треба да изгледа поспортски.
i3 Concept Coupe ќе биде придвижуван од електричен моор кој развива 168 КС и 250 NM вртежен момент, а се напојува од литиум-јонската батерија која се наоѓа на подот.
Сепак, сеуште се работи за концепт, но мора да признаеме дека Баварците сериозно работат на „автомобилите на иднината“.