Наскоро ќе има хибридна дизел верзија на Audi R8? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Наскоро ќе има хибридна дизел верзија на Audi R8?

Според некои гласини, Audi се откажа од производство на R8 e-tron, што има смисла доколку го погледнеме електричниот Mercedes-Benz SLS AMG, кој произведува скоро двојно повеќе сила.

Наместо него, Audi ќе се потруди да понуди дизел верзија од R8. Знаеме декa тие го создадоа R8 V12 TDI и го прикажаа на саемот во Детроит во 2008, со намера за негово производство – но тоа сеуште не се случи.

Аudi го има најневеројатниот хибриден дизел погон на сите тркала во R18 e-tron, кој победи на Le Mans оваа година. Тие имаат одлична причина да го пуштат во производство – Porsche исто така има високо технолошки спортист кој ќе направи R8 да изгледа како играчка.

Овој суперавтомобил придвижуван од хибриден дизел агрегат најверојатно ќе користи карбонска шасија и ќе биде наречен R10. Сепак, оваа гласина ја земаме со трошка сомнеж бидејќи Audi треба прво да ја заврши подготовката на платформата на наредниот R8, за која не знаеме дали ќе дели многу од своите компоненти со следното Lamborghini Gallardo, како што сега е случајот.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.