Наследникот на BMW М1 пристигнува во 2016 како М8 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Наследникот на BMW М1 пристигнува во 2016 како М8

Иако одамна немаме слушнато ништо, новите гласини велат дека BMW не се откажал од идејата да создаде суперавтомобил. Но секако, формулата ќе биде многу поразлична од времето на оргиналниот М1.

М1 беше автомобил кој ја смени историјата. По него, BMW го лансираше M5 со истиот 3.5-литарски реден шест-цилиндарски агрегат, следен од М3 со 2.3-литарски мотор со четири цилиндри во линија. Од тогаш, скоро секој модел на BMW имал своја M верзија.

Но сепак, никогаш немало наследник на оргиналниот М1, од кој биле произведени само 456 примероци. Се зборува дека наследникот е во изработка, а ќе излезе на пазарот во 2016 година. Овој спортист всушност ќе биде наречен М8 и ќе биде побрз и поскап од секој модел кој тие го продаваат. Моделот би можел да биде поставен на истата платформа со хибридот i8 и погонуван од V8 агрегат кој ќе произведува околу 600 кс.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.