Регулаторната Комисија за Енергетика пред само неколку моменти ги објави новите цени на горивата, кои во просек се зголемуваат за 1.60%.
Согласно методологијата за пресметка на малопродажните цени на горивата, Регулаторната Комисија за Енергетика донесе одлука за зголемување на цените на горивата. Согласно одлуката, цените се зголемуваат во просек за 1.60%. Според тоа, цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 1.50 односно 1 денар. Еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава по цена од 80 денари, додека еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе се продава по цена од 81.50 денари.
Цената на дизелот се зголемува за 0.50 денари, и еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 72.50денари.
Новите цени стапуваат на сила од вечерва на полноќ, а ќе важат следните 14 дена.