Беше само прашање на време кога светските тјунери ќе му го посветат своето внимание на новиот Range Rover. Еден од првите е Lumma, која го најавува пакетот наречен Lumma CLR R.
Пакетот вклучува нов преден браник, хауба од јаглеродни влакна и нова маска на ладилникот, но и проширени странични прагови и крила, нов заден спојлер и нов заден браник од јаглеродни влакна. Покрај тоа, возилото е спуштено поблиску до подлогата и добива и големи 22-инчни тркала со гуми во димензии 315/3о-22.
Немаме слики од внатрешноста, но Lumma најавува дека и внатрешноста ќе го добие истиот третман, а дека големиот 5-литарски компресорски V8 агрегат ќе може да се „навие“ на 540 или 560 коњски сили. Има најава за тјунинг и на дизелските агрегати, но сеуште немаме официјални податоци.