Стартува сезоната на зимска опрема! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Стартува сезоната на зимска опрема!

Од денес стартува сезоната на обавезна зимска опрема, а ние ќе ви објасниме што точно тоа значи!

Од денес стапува на сила обврската за носење на зимска опрема за возилата кои возат надвор од населено место. Тоа значи дека ако се подготвувате некаде да патувате и/или да возите надвор од населено место, морате вашето возило да го опремите со соодветна зимска опрема.

Под зимска опрема за вашето возило се подразбира:

  • Зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од 4 mm или
  • Летни пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од 4 mm и соодветни синџири за снег.
  • Секако, синџирите за снег се поставуваат на погонските тркала.

За возилата со погон на сите четири тркала потребна е следната опрема:

  • Зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од 6 mm или
  • Летни пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од 4 mm и соодветни синџири за снег.
  • Ако имаат постојан погон на четири тркала, синџирите се поставуваат на задната осовина.
  • Ако имаат преклоплив погон, тогаш синџирите се поставуваат најмалку на постојано вклучената осовина.

Зимски пневматици се оние кои имаат ознака „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Автобусите и товарните возила покрај зимската опрема мораат да имаат и прирачен алат – лопата. Казната за неносење зимска опрема изнесува 15 евра, а според правилникот не се дозволени пневматици со клинци, како на сликата.

Доколку не знаете како да ги наместите ланците на вашето возило, погледнете го корисното упатство кое го подготвивме. Секако, можете да се вклучите и во дискусијата на нашиот форум!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.