Без оглед на актуелните проблеми со намалената продажба, отпуштањето работници и затворањето фабрики, според последните најави Peugeot подготвува повеќе новитети.
Според пишувањето на француските медиуми, еден од најинтересните проекти е 501, купе моделот со 4 врати, со кој Французите би требало да им конкурираат на претстојните Mercedes-Benz CLA и Audi A3 sedan. Peugeot 501 ќе ја завземе позицијата под моделот 508 и ќе располага со должина од околу 4,6 метри, што е за 190 mm пократко од 508 седан и 110 mm пократко од караван верзијата. Стајлингот исто така ќе биде помускулест и спортски за да им конкурира на германците.
Покрај купе моделот со четири врати, Peugeot наводно планираат и нов кабриолет со четири седишта, со слични димензии како новиот Opel Cascada.