Новиот Audi A3 пристигна во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Audi A3 пристигна во Македонија!

Новата, трета генерација на премиум хечбекот од Инголштад пред само неколку часа ја имаше својата премиера пред Македонската јавност!

Денес ни беше претставена верзијата со 3 врати, додека Sportback верзијата ја очекуваме наскоро. Доаѓа со цела лепеза бензински и дизел агрегати, почнувајќи од 1.4 TSI со 122 коњски сили и 1.6 TDI со 105 коњски сили. Моделот е базиран врз новата MQB платформа, а тоа значи намалена тежина, зголемени перформанси и одлични возни својства.

Дизајнот е типичен за Audi – односно воздржан но елегантен и агресивен. Верзијата со три врати ја има таа привилегија да изгледа уште поспортски. Во внатрешноста како што и очекувавме се користени исклучиво високо-квалитетни материјали.

Цените започнуваат од 20.642 евра за 1.4 TFSI со 122 коњски сили и Attraction ниво на опрема. Ambition започнува од 22.400 евра со истиот мотор. Може да се нарача и со 1.8-литарскиот TFSI кој нуди 180 коњски сили. Кај дизелите, понудата започнува од 22.098 евра за 1.6 TDI Attraction со 105 коњски сили. На врвот е Audi A3 2.0 TDI Ambiente со 150 коњски сили за 29.899 евра.

Се надеваме дека наскоро ќе ја имаме можноста подобро да се запознаеме со Audi A3, кој е сериозен конкурент во класата на премиум хечбек автомобили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.