Aston Martin е на продажба, Toyota меѓу заинтересираните? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Aston Martin е на продажба, Toyota меѓу заинтересираните?

Според некои гласини кои кружат, Aston Martin е на продажба. Всушност, се работи за најголемиот дел од акциите на кои сопственик е Investment Dar Company и за кои веќе се бараат понуди.

Кувајтската компанија се обидува да ги продаде своите 64% од акциите на Aston Martin. Сеуште ништо не е официјално, но како заинтересирани се Mahindra & Mahindra и, но изненадувачки и Toyota.

Цената која ја бара Кувајтската фирма за своите 64% од Aston Martin изнесува околу 630 милиони евра, со што тие би успеале да ги вратат своите инвестиции од купувањето на овие акции. Кувајтската фирма е сопственик на овие акции од 2007 година кога тие го преземаа Aston Martin од Ford.

Со оглед на тоа дека Aston Martin тукушто го лансираше својот нов Vanquish, но исто така подготвува и освежување на моделот Rapide, новиот сопственик ќе има интересни играчки со кои ќе може да си го троши времето. Од друга страна, веќе постои врска помеѓу Toyota и Aston Martin (попозната како често-критикуваната трансформација од Toyota iQ во Aston Martin Cygnet), и сигурно би било интересно за еден производител како Aston Martin да ја има финансиската поддршка од голема компанија како Toyota.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.