Seat SUV добива зелено светло – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Seat SUV добива зелено светло

Конечно, по долго време, SUV концептот на Seat добива зелено светло – сепак Германците нема да дигнат раце од Seat!

По претставувањето на новиот Leon, жешката верзија на Ibiza и уште неколку новитети, главниот директор на Seat му даде зелено светло на кросовер концептот. Овој концепт во сериско производство ќе влезе најдоцна до 2015 година.

Во наредните две години ќе биде претставен концепт на новиот кросовер, а според зборовите на директорот на Seat, Muir, серискиот модел ќе биде претставен што е можно побрзо. Новиот SUV кој ќе излезе од Seat, ќе се натпреварува директно со Nissan Qashqai.

Заедно со новиот компактен кросовер, Seat планира да изведе кросовер верзија на најмалиот автомобил во својата понуда Mii, нешто слично како Volkswagen Taigun.

*Фотографиите се од Seat IBX Concept – кросовер концептот претставен во Женева 2011



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.