Веќе во неколку наврати пишувавме дека сме пријатно изненадени од новите модели на KIA, а сега може со сигурност да кажеме дека KIA знае како да го сврти вниманието кон себе.
Минатата недела во живо го видовме новиот Cee`d и знаеме дека овој автомобил ветува многу па со нетрпение очекуваме да пристигне и верзијата со помалку врати – Pro_Cee`d.
KIA успеа да привлече уште повеќе внимание кон себе со претставувањето на Pro_Cee`d во Истанбул – вниманието го привлече и топ моделот Irina Shayk која стоеше до Pro_Cee`d.
Да не должиме многу, веќе знаеме многу за Cee`d, а наскоро очекуваме да седнеме зад неговиот волан – дотогаш да уживаме во Irina Shayk и да се надеваме дека Pro_Cee`d ќе биде на сличен начин претставен и кај нас!