Новиот компактен седан на Францускиот производител вчера беше промовиран пред Македонската јавност!
Моделот за кој веќе во неколку наврати пишувавме, и околу кој е изграден интересниот проект 301 Road Trip вчера беше претставен пред Македонските автомобилски новинари, во присуство на Македонските музички ѕвезди кои соработуваат со Peugeot. Секако, присатни беа и Македонските учесници во 301 Road Trip – Игор Штерјов и Зорица Серафимовска Арсовска. Како што веќе знаете, Peugeot 301 Road Trip е интересен караван кој ќе помине вкупно 10.000 километри низ 17 држави!
Компактниот седан ни го привлече вниманието со интересниот дизајн, и сигурно ќе биде повеќе од конкурентен во својата класа. Официјалниот старт на продажбата е најавен за околу две седмици, кога ќе ја имаме и шансата подобро да го запознаеме Peugeot 301!