Регулаторната Комисија за Енергетика пред само неколку минути ги објави новите цени на горивата, чија малопродажна цена се намалува во просек за 4.73%!
Согласно методологијата за пресметка на малопродажните цени на горивата, цените на горивата се намалуваат во просек за 4.73%. Тоа значи дека ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава по цена од 78.50 денари литар, а ЕУРОСУПЕР-98 по цена од 80.50 денари литар – односно и двата видови гориво по цена која е 4.5 денари пониска од порано.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото е исто така намалена – и тоа за 1.5 денар, и тоа значи дека литар од ова гориво ќе се продава по цена од 72 денари за литар.
Новите цени стапуваат на сила од вечерва на полноќ.