Mercedes-Benz потврди дека спортската, AMG верзија на новата A-класа ќе дебитира на следниот автомобилски саем во Женева, во Март 2013.
Овој конкурент на Audi RS3 и BMW M135i ќе ја носи ознаката A45 AMG. Ќе биде погонуван од 2.0-литарски четири-цилиндарски турбо бензинец со директно вбризгување, кој ќе произведува 349 кс при 6600 вртежи во минута и 450 Nm вртежен момент. Погонот е на сите четири тркала, додека трансмисијата е седумстепена со дупла спојка. Забрзувањето од 0-100 км/ч ќе трае само 5,1 секунда, а максималната брзина ќе биде ограничена на 250 км/ч, додека во опциониот Performance пакет ќе биде зголемена на 270 км/ч.
A45 AMG ќе добие AMG боди кит, прилагодена и 25mm пониска суспензија, систем за сопирање со високи перформанси, нови фелни од 18 инчи, обвиени во 235/40 R18 пневматици, спортски издувен систем и спортски ентериер.
Кога ќе се појави на пзарот овој модел ќе чини околу 45,000 евра, додека за опционалниот Performance пакет ќе се доплаќа уште околу 3,800 евра.