Hyundai соработуваше со Калифорнискиот тјунер Bisimoto за да ја создаде монструозен концепт базиран на моделот i30, кој во САД се продава под името Elantra GT.
Силата на 1.8-литарскиот агрегат е засилена на импресивни 600 кс со вградување специјални вбризгувачи, брегасти осовини, NGK иридиумски свеќици, Sparco интеркулер, Arias ковани клипови и Turbonetics турбополнач.
Како што напоменавме претходно, покрај засилувањето на моторот, автомобилот претрпил измени во шасијата и суспензијата како и модификации на екстериерот и ентериерот. Поставен е заштитен кафез, нови амортизери, стабилизатори, како и 18-инчни Buddy Club P1 Racing Challenge фелни.
Во внатрешноста се додадени тркачки седишта, Racepack IQ3 инструмент табла и AEM инструменти за притисок на турбото, гориво итн.