Брзото може да биде побрзо – Audi R8 GT by Underground Racing – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Брзото може да биде побрзо – Audi R8 GT by Underground Racing

Далеку од тоа дека некој помислил дека Audi R8 GT е бавно возило, но при понудените возила на SEMA Moto Show, овој модел не беше центар на вниманието. Затоа тјунерите од Underground Racing уште еднаш докажаа дека брзото може да биде побрзо, па така се роди Audi R8 GT со 1.000 КС!

Почнувајќи од „основната“ верзија на R8 GT со „само“ 560 КС, Underground Racing понудија и една „средна верзија“ на овој автомобил – со 700 КС, како и една страшно моќна верзија, онаа со 1.000 КС.

Веќе добро ги знаеме тјунерите од Underground Racing кои успејаа да го создадат 1.200 КС моќното Lamborghini Aventador, па кога ќе го слушнеме нивното име, не се сомневаме во квалитетот и бројот на „коњи“.

Audi R8 GT покрај 1.000КС нуди и несекојдневна мат црвена боја и 19-инчни HRE ултра лесни бандажи. Сеуште не е позната цената за овој тјунинг пакет на R8 GT, но едно е јасно – доколку би имале околу 200.000 $ за основната верзија, секако дека би можеле да си ја дозволиме и оваа екстремна верзија на овој прекрасен спортски автомобил на Audi.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.