Први информации за следниот Ford Mustang – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Први информации за следниот Ford Mustang

Новата генерација на Ford Mustang ќе дебитира во 2015, на 50 годишнината од моделот, а ние ви пренесуваме неофицијални информации за новиот Pony Car.

Новиот Mustang ќе биде глобален модел кој ќе се продава низ целиот свет, а неговиот дизајн ќе го изгуби чистокрвниот ретро стил кој го красеше досега. Ford ветува дека Mustang и понатаму ќе има одредена доза на ретро дизајн, но со модерни линии. Сепак, Американската компанија објави дека неговиот дизајн во најголема мера ќе биде инспириран од концептот Evos.

Најважната вест е модерното потпирање, како и првиот мотор со четири цилиндри уште од 1993 година. Глобалниот модел ќе ја носи назнаката SVO, во чест на моделот од 1984-1986, а ќе биде погонуван од 2.3-литарски EcoBoost агрегат со четири цилиндри во линија, кој ќе испорачува околу 315 кс и потрошувачка на гориво на отворен пат од 7 литри на 100 км. Најсилен во гамата ќе биде GT моделот со 5.0-литарски V8 мотор и 440 кс.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.