Претходно најавениот Hyundai Velocity Veloster Concept е претставен на овогодишниот автомобилски саем за тјунинг во Лас Вегас, SEMA 2012.
Стандардниот 1.6-литарски агрегат со директно вбризгување, благодарение на британскиот тјунер Cosworth, е засилен со турбополнач, специјални клипови, интеркулер, нов систем за гориво, нови гранки и репрограмирање на компјутерската единица. Благодарение на овие преправки, наместо фабричките 201 кс, тој сега испорачува 400 кс и 474 Nm вртежен момент.
Екстериерот е уреден со нов боди кит кој содржи заден дифузер, огромен заден спојлер, странични прагови и преден браник со големи отвори за влез на воздух. Поставен е на 19-инчни лесни тркачки HRE фелни обвиени во Kumho SPT 275/35 R19 летни пневматици со високи перформанси. Силата на сопирање произлегува од Brembo сопирачки со дво-делни ротори и четири-клипни клешти.
Внатрешноста исто така претрпела промени. Вметнати се интегриран заштитен кафез, GPS систем за складирање податоци, Sparco појаси на седиштата и специјален кожен тапацир.