Honda CR-Z Concept со компресор на 2012 SEMA – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Honda CR-Z Concept со компресор на 2012 SEMA

На 2012 SEMA Show во Лас Вегас, Honda претстави концептен модел за побрза и поспортска верзија од CR-Z.

Уште од првиот ден кога моделот CR-Z се појави на пазарот, автомобилските ентузијасти очекуваа спортска верзија со високи перформанси по примерот на Civic Type-R. Конечно, по цели две години нивните желби се слушнати.

Развиен од Honda Performance Division (HPD), хибридниот модел добива компресор заедно со нов издувен систем, вбризгувачи на гориво и надградба на компјутерската единица – зголемувајќи ја силата на 1.5-литарскиот агрегат од 122 кс и 173 Nm на 185 кс и 229 Nm вртежен момент.

За побрзо влегување во свиоци, направени се подобрувања во управувањето и сопирањето со додавање на спортска суспензија, нови алуминиумски фелни обвиени во гуми со високи перформанси и монтирање на подобри сопирачки.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.