Ретко може да се сретне прекрасна фото-галерија од импресивен суперавтомобил, изработен во ограничена серија од само 20 примероци.
Кога беше претставен на саемот во Париз во 2010, Sesto Elemento имаше V10 агрегат од Gallardo Superleggera, засилен да испорачува 570кс. Според неговите спецификации доволни се само 2.5 секунди за брзина од 100 км/ч, благодарение на ниската тежина од 999 килограми. Sesto Elemento користи екстремно лесна конструкција, направена од јаглеродни влакна, која овозможува однос на сила спрема маса од 1.75 килограми на коњска сила.
Овој сет на фотографии е можеби најдобриот кој сме го виделе досега. Lamborghini неодамна испорача еден примерок од Sesto Elemento концептот во Хонг Конг, а Chester Ng доби понуда за специјална можност да го фотографира суперлесниот Gallardo на повеќе различни локации.