Volkswagen Super Beetle – Притаен тркач! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen Super Beetle – Притаен тркач!

Проектот Super Beetle е заеднички потфат на VWVortex заедницата на вљубеници во Volkswagen, и Американскиот тјунер за истиот бренд – APR Tuning. Што крие овој автомобил?

Иако на прв поглед изгледа ненаметливо и привлечно, вистинските измени се кријат под поклопецот на моторот – поточно, под целиот автомобил.

Првата измена која е направена е вградувањето на AWD системот за погон на сите четири тркала од Golf R. По екстензивните преработки за да се вклопи AWD системот под новата Буба, значително внимание е посветено и на нејзиниот мотор. Моторот е доработен со Stage IV тјунинг пакет на APR кој обезбедува преку 500 коњски сили!

По екстензивните преработки на подвозјето и моторот, на автомобилот му беа монтирани и амортизери и пружини од KW, како и нови, сеуште неизлезени на пазарот 20-инчни тркала од HRE. Секако, не смееме да го заборавиме ниту централно поставениот издув, но и мат-сивата фолија од Германскиот производител Oracal. Специфичната боја е всушност варијанта на заштитната сина боја на Golf R и Scirocco R.

Ве оставаме со една мала галерија фотографии од Super Beetle, и ви најавуваме уште фотографии и поконкретни информации кога автомобилот ќе го има своето деби на овогодинешниот SEMA шоу за тјунирани автомобили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.