Porsche 911 GT2 RS тјунирано од Wimmer RS – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche 911 GT2 RS тјунирано од Wimmer RS

Германскиот тјунинг бренд Wimmer RS претстави специјален пакет во ограничен број од 500 примероци, кој го претвора Porsche 997 GT2 RS во вистинско чудовиште.

Во стандардна верзија 911 GT2 RS располага со 3.6-литарски шест-цилиндарски боксер мотор потпомогнат од два турбополначи со варијабилна геометрија за сила од 612 кс и максимален вртежен момент од 700 Nm.

Тјунинг пакетот содржи пар оптимизирани турбополначи заедно со репрограмиран софтвер на компјутерската единица, подобрување на системот за проток на воздухот, спортска брегаста осовина и коленесто вратило, машински доработени глави на цилиндрите и клиповите, нова пумпа за гориво и издувен ситем со два спортски катализатори.

После овие надоградби, шест-цилиндарскиот боксер агрегат произведува 1,006 кс при 7,340 вртежи и вртежен момент од 1,108 Nm при 5,680 вртежи во минута, доволни за забрзување од 0-100 км/ч за 3.4 секунди, од 0-200 км/ч за 8.7 секунди, а бројката од 300 км/ч на брзинометарот ја достигнува за 15.5 секунди, што е за 14 секунди пократко од стандардниот модел. Понатаму, покрај тоа што стандардниот 911 GT2 RS достигнува максимални 330 км/ч, Wimmer-овиот модел продолжува до 389 км/ч.

Единствените останати модификации направени на автомобилот се новата прилагодлива Competition суспензија од KW, обложување со фолија во боите на Wimmer RS, како и нови специјално дизајнирани 19-инчни алуминиумски тркала.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.