Ford ќе претстави неколку модифицирани верзии на легендарниот Mustang на овогодинешниот SEMA автомобилски саем.
Првиот примерок, The Ringbrothers Mustang GT има боди кит направен од јаглеродни влакна, “waterborne” боја и масивни алуминиумски тркала. Моделот доаѓа и со Baer сопирачки, подобрена суспензија и 5.0-литарски V8 агрегат со компресор.
Вториот, DSO Eyewear Mustang GT има Whipple компресор кој му овозможува на 5.0-литарскиот V8 да произведува 750 кс. Понатаму, додадени се 3dCarbon боди кит, Eibach суспензија, Brembo сопирачки и уникатен ентериер со Rockford аудио систем.
The Mothers Mustang GT е опремен со карбонски боди кит, тркачка суспензија и Sparco седишта истапацирани во кожа. Погонуван е од засилен 5.0-литарски V8 мотор кој произведува 650 кс.
Последниот, Stitchcraft Mustang Convertible има 3dCarbon боди кит, Hotchkis амортизери и Wilwood сопирачки. Силата ја црпи од 3.7-литарски V6 агрегат со нитро вбризгување и FlowMaster издувен систем.