Ford сериозно го сфаќа своето учество на саемот во Las Vegas, па така по претставените четири верзии на новото Mondeo, сега Ford објави уште пет тјуниирани верзии од автомобилот кој сите го очекувавме – Focus ST!
Се работи за пет концепти на Focus ST кои ќе бидат претставеи на овогодинешниот автомобилски саем во Las Vegas – SEMA Motor Show.
Ќе започнеме верзијата на Bernal Auto Style. Овој Focus ST се одликува со каросерија во две бои, црна и портокаловак, но и елементи од јаглеродни влакна на покривот. исто така тука е и посебниот боди кит и новите светлосни групи на предниот дел заедно со изменетиот преден браник. Верзијата на Bernel Auto Style носи со себе и нови, поефикасни сопирачки, спортска суспензија и уште неколку, засега непознати надградби.
Следниот концепт на Focus ST доаѓа од M&J тјунинг куќата, но во соработка со Ford, Cosworth LLC и Ford Racing. Со здружени сили овој концепт на Focus ST добива 30 % подобри перформанси! Така 2.0 литарскиот турбо мотор сега развива 330 КС! Овие подобрувања на моторот доаѓаат со измени и на надворешноста. Поклопецот на моторот сега има отвори за воздух, детали од јаглеродни влакна, Cosworth фелни, подобрена суспензија и поголем заден спојлер.
Следниот концепт на Focus ST кој ќе биде претставен на SEMA Show доаѓа од уредникот на Top Gear USA, Tanner Foust. Неговата креација всушност претставува апсолутно спортски дизајн со голема доза на агресивност. Овој концепт има целосен бодикит, нови бандажи и гуми, но што е побитно и модификации на моторот кои сеуште не се откриени. Исто така Tanner Foust на овој концепт му додал и целосно нагодлива предна и задна суспензија и атрактивен надворешен изглед – благодарение на црвените тркачки линии кои се протегаат по должината на автомобилот и на неговите страни.
Следен на листата е рели концептот кој доаѓа од Galphin Team. Оваа верзија вклучува нов рели бодикит, нова суспензија со што автомобилот е и значително понизок како и нови, посилни сопирачки. Заедно со овие модификации доаѓа и надворешниот дизајн кој е во повеќе бои.
Последниот концепт кој ќе биде прикажан во Las Vegas е визијата на Steeda кои ветуваат значително подобрени перформанси, поагресивен дизајн и подобро управување. За жал, сеуште незнаеме кои модификации ќе ги претрпи моторот, но затоа знаеме дека верзијата на Steeda доаѓа со модифицирана Steeda G-Trac суспензија, Brembo сопирачки и големи, 19-инчни фелни.