Hyundai ќе има уште еден лут претставник, развиен од Bisimoto Engineering, на овогодинашниот саем за тјунирани автомобили SEMA.
Компанијата од Калифорнија подготви импресивен тјунинг пакет со тоа што 1.8-литарскиот агрегат го „зајакна“ од стандардните 148 кс на импресивни 600 кс. Тие успеале да го направат ова со користење на специјални компоненти, како што се Turonetics турбополнач, брегасти осовини и Bisimoto вбризгувачи со висок притисок. Исто така е опремен со Arias ковани клипови, NGK иридиумски свеќици и Sparco интеркулер.
Покрај засилувањето на моторот, автомобилот претрпи измени во шасијата и суспензијата како и модификации на екстериерот и ентериерот. Поставен е заштитен кафез, нови амортизери, стабилизатори, како и 18-инчни Buddy Club P1 Racing Challenge фелни.
Во внатрешноста се додадени тркачки седишта, Racepack IQ3 инструмент табла и AEM инструменти за притисок на турбото, гориво итн.